Туниската крајбрежна стража од морето извлекла тела на 15 мигранти

Туниската крајбрежна стража извлече тела на 15 мигранти од морето во близина на местото Махдие, јави државната новинска агенција.

Властите веќе работат на идентификување на телата на удавените, главно африкански мигранти, додаваат британските медиуми.

Африканските мигранти, кои со години наназад доаѓаат јужно од Сахара, се обидуваат да стигнат до Европа преку земјите од Магреб – Тунис, Алжир, Либија, Мавританија и Мароко, но многумина загинуваат на тој неизвесен и опасен пат.