Министерот за правда, Никола Тупанчески, по повод 25 октомври – Европскиот ден на правдата, порача дека задоцнетата правда е негирање на правдата.
-Навремен и еднаков пристап до правда за сите! Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски и вонсудски механизми. Бесплатна правна помош за лицата кои живеат во сиромаштија! Таа е гаранција дека граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе добијат правна помош од адвокат и фер судење – порача Тупанчески на Фејсбук.