Грција продолжува со милитаризацијата на островите во Средоземното Море, од кои многу се во близина на турското крајбрежје, обвини во неделата турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во моментите кога се чини дена повлекувањето на турскиот истражувачки брод во неговата база ќе придонесе за деескалација на тензиите во регионот.
„Грција продолжува да ги милитаризира островите. Ние сме за дијалот и сакаме да ги решиме проблемите (во Средоземното Море) со мирни средство“, изјави министерот Акар за телевизијата NTV.
Според Акар, во прв ред, треба да биде „демилитаризиран островот Кастелоризо“, кој се наоѓа на само неколку километри од брегот на Турција. Порача притоа дека Турција е подготвена да биде домаќин на четвртите разговори во рамките на НАТО со Грција за ситуацијата во источен Медитеран.
Акар, исто така, рече дека „грчкиот народ не треба да подлегнува на инициајтивите на (францускиот претседател Емануел) Макрон, кој се обидува да ја спаси својата позиција“.
Грција и Кипар, поддржани од Франција, ја обвинуваат Турција за кршење на меѓународното поморско право, која смета дека ја утврдува својата „континентална плоча“. Франција и Грција изведоа и воени маневри во спорните води, а Атина најави минатата седмица нови воени набавки на француски борбени авиони и пловила.
Истовремено турскиот министер за одбрана порача дека враќањето на истражувачкиот брод „Oruc Reis“ во турските територијални води што го поздрави претходно во неделата грчкиот премиер Киријакос Мицотакис како прв турски чекор кон нормализирање на ситуацијата, не значи дека Анкара „се откажала од своите права во Источен Медитеран“.
Грција не го признава меморандумот потпишан во ноември 2019 година меѓу Анкара и меѓународно прознатата Влада на национално единство (GNA) во Триполи за разграничувањето на поморските зони меѓу Труција и Либија. Според грчкото министерство за надворешни работи, докулемтот кој содржи координати за фактичко разграничување на подморјето и ексклуизивните економски зони на Турција и Либија, на грчките острови кои се наоѓаат меѓу Турција и Либија им го одзема правото на континентално подморје и ексклузивните економски зони.
Од друга страна, пак, Грција ова лето склучи договор со Италија и Египет за разграничување на поморските зони. Анкара реагираше на тоа порачувајќи дека нема да го признае грчко-египетски договор и како одговор го испрати своите истражувачки брод „Oruc Reis“ придружуван од група воени бродови, за сеизмички истражувања во близина на грчкото крајбрежно подморје во близина на островот Кастелоризо. Атина на тоа одговори со ставање во состојба на целосна борбена готовност а своите вооружени сили и порача дека со стие средства ќе ги брани своите суверени права.