
Турција депортирала во САД маж осомничен за припадност на радикалната сунитска организација Исламска држава (ИД), кој пет дена остана во тампон зоната меѓу грчката и турската граница, потврди во петокот турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
„Американец, кој остана меѓу Грција и нашата граница, е депортиран со авион од Истанбул во Америка“, рече Сојлу во Анкара. Не прецизирал во која американска сојузна држава или град е депортиран.
Мажот, кого турските медиуми го идентификуваат како Мухамед Дарвос Б, американски државјанин од јорданско потекло, беше првиот странски борец на Исламската држава кого Турција го депортираше во понеделникот, кога започна процесот на репатријација. Беше одведен на преминот Едирне на турската северозападна граница, но Грција одби да ги пушти. Го прати пешки назад во Турција, која одби да го прими.
Без никакви можноста на ничија земја, бил принуден ноќите да ги минува во автомобил, пренесува приватната новинска агенција DHA. Турското министерство за внатрашни работи објасни во четвртокот дека е испратен во Грција на свое барање. Мажот бил уапсен во текот на турската воена операција во северозападна Сирија која започна на 9-ти откомври.