Турција ќе се придржува до Конвенцијата од Монтре и нема да дозволи впловување на воени бродовои во Црното Море, го цитираше во неделата телевизијата A Haber министерот за одбрана Хулуси Акар.
Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ги исполнува и ќе ги исполнува и во иднина одредбите од Конвецијата од Монтре.
„Турција ќе остане посветена на Конвнцијата од Монтре, и нема да дозволи влегување на воени бродови од Црното Море“, рекол Акар.
Турција, којашто е членка на НАТО, руската воена операција или инвазија во Украина ја нарекува „војна“, што ѝ овозможува да се повика на меѓународниот договор од 1936 година со којашто ќе им забрани на некои руски и украински бродови минување низ своите теснеци Босфорот и Дарданелите. Турција дели морска граница со Украина и со Русија и со двете држави е во добри односи.
Конвенцијата од Монтре потпишана во 1936 година, ѝ дава на Турција одредена контрола врз движењето на воените бродови низ Дарданелите и Босфорскиот теснец што ги поврзуваат Егејското Море, Мраморното и Црното Море.
Според одредбите од Конвенцијата од Монтре, којашто го регулира и пловењето низ Босфорскиот канал како единствениот природен пристап до Црното Море, земјите кои не излегуваат на ова море мораат претходно да го најават минувањето на своите бродови, а се ограничува престојот на воени бродови во водите на Црното Море на земјите што немаат излез и тие не смеат во тие води да ги задржуваат своите бродови подолго од 21 ден. Документот, исто така, предвидува дека во акваториумот истовремено може да се наоѓаат до девет такви бродови со вкупна носивост не поголема од 30 илјади тони.