Турција ги потсети во понеделникот сојузниците во НАТО дека може да го „замрзне процесот“ на проширување на Алијансата со Финска и Шведска, доколку не осознае дека двете скандинавски земји не ги исполниле нејзините услови.
Во Финска и Шведска на почетокот од април, во заднината на руската офанзива во Украина, се интензивираа повиците и иницијативите по децениската воена неутралност и добри односи со Русија но истовремено и долги години тесна воена соработка и одржување заеднички воени вежби и официјално да побараат членство во НАТО, што беше поддржано во прв ред од САД. Двете нордиски земји кон крајот на јуни на самитот на Алијансата во Мадрид официјално ги поднесоа барањата за членство, откако Турција се согласи да ја суспендира својата блокада.
Официјална Анкара подолго време ги обвинува Хелсинки и Стокхолм дека го згрижуваат и прифаќаат припадниците на Работничката партија на Курдистан (PKK) која од 1984 година води вооружен бунт против Турција каде што е забранета, а се наоѓа и на листите терористички организации на ЕУ и на САД. Турција, исто така, им забележува на нордиските земји за пружање засолниште на припадниците на FETO, следбеници на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој е во егзил во САД а ги обвинува за неуспешниот воен удар во јули 2016 година, и за ембарго на извозот оружје во Турција по нејзината воена интервенција против курдските сили во Сирија.
Во изјавата од понеделникот, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ја издвои Шведска дека лошо постапува и ја потсети дека сите 30 земји членки на НАТО мора да ја донесат соодветната легаслатива за прием на нови членки. Речиси половина од членките на Алијансата веќе го ратификуваа приемот на двете земји.
Финска и Шведска со Турција непосредно пред почетокот на самиот во Мадрид потпишаа формални договори, по што Анкара го повлече противењето на проширувањето на НАТО со овие две земји.
Меѓутоа, Ердоган во понеделникот потсети дека тој договор подразбира и дека Шведска ќе екстрадира 70 „терористи“ во Турција. Меѓутоа, владата во Стокхолм негира дека тоа било содржано во договорот, иако двете земји се обврзале на „поедноставување“ на процесот на екстрадиција.
Шведска тврди дека не се согласила да предаде некој свој државјанин баран во Турција. Тие кои немаат шведско државјанство би можело да бидат депортирани од земјата, но само во држави чиј правен систем е во согласност со шведскиот и со Европската повелба за човекови права.