Официјални претставници на Турција, Русија, Украина и Обединетите нации денеска ќе се сретнат за да разговараат за договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, најави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Денешниот состанок ќе биде технички, по што следната недела ќе следи средба на заменици министри.
Акар појасни дека на денешната средба ќе се разговара за евакуација на бродови под турско знаме и пратки на житарици од пристаништата на Црното Море како дел од договорот кој истекува на 18 мај. Анкара вложува напори за продолжување на тој договор.
– Продолжуваме со нашите напори да осигураме дека иницијативата за жито ќе продолжи да се одвива на брз и безбеден начин. Од разговорот добивме впечаток дека овие напори ќе дадат позитивни резултати, рече Акар.