![kashogi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/kashogi.jpeg?resize=696%2C435&ssl=1)
Турското обвинителство покрена посктапка за екстрадикционо барање за 18 саудиски државјани осомничени за учество во убиството на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на неговата татковина во Истанбул.
Два дена пред доаѓањето на главниот обвинител на Саудиска Арабија во Турција, обвинителството во Истанбул во петокот му го предаде на министерството за правда списокот со имињата на 18-те осомничени за „учество во планираното убиство“. Министерството за правда, пак, соопшти дека листата ја проследило до министерството за надворешни работи, за барањето есктрадиција на Ријад да му биде врачено по службен пат.
Саудиските власти, по повеќе од две седмици негирања, на 20-ти октомври објавија дека уапсиле 18 лица, од кои 15 припадници на саудиска група осомничена за убиството на новинарот и тројца службеници во конзулатот, како и дека ќе им се суди во Ријад.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот повика на осомничените да им се суди во Истанбул а не во Саудиска Арабија, иако злосторството го сториле Саудијца во кругот на саудискиот конзулат. Анкара се повикува на делот од Виенската конвенција за дипломатските односи, кој овозможува земјата домаќин да врши претрес на странска мисија и да приведе службеници доколјку станува збор за тешки кривични дела.
„Барањето за екстрадиција е мотивирано од фактот дела Џамал Кашоги во Турција го убиле саудиски државјани кои со таа намера и допатувале во земјата“, изјавил за AFP турски функционер кој сакал да остане анонимен.
Еродган малку проетходно најави дека главниот саудиски обвинител Сауд бин Абдулах ал-Муџаб ќе допатува во недела во Истанбул, за да разговара за убиството на Кашоги. Информацијата дојде откако обвинителот, потпирајќи се на податоците кои му ги испратила Турција, во четвртокот првпат изјави дека убиството „било планирано“. Ердоган притоа додаде дека турските власти поседуваат „и други докази“ во врска со убиството коеѓто го извршиле агенти на Ријад на 2-ри октомври во саудискиот конзулат во Ријад.