Раководството на турската владејачка партија, Партијата за правда и развој (АКП) денеска ќе го бира новиот лидер на партијата и иден премиер, наследник на Рацеп Таип Ердоган, кој е избран на претседател на земјата.
Партиското раководство ќе се состане денеска за да се избере лидерот, кој според оценките на аналитичарите, ќе му биде лојален на Ердоган, што ќе го дозволи човекот кој на турската политичка сцена доминира повеќе од една деценија и цврсто ја држи Владата.
Се смета дека министерот за надворешни работи, Ахмет Давутоглу е најјакиот кандидат за тоа место. Денешната номинација ќе биде потврдена на вонредниот конгрес на партијата на 27 август, на кој партијата официјално ќе го го именува својот претседател кој подоцна ќе стане и премиер.
Претседателот на Турција, по закон, не може да биде лидер на политичка партија и затоа Ердоган мора да поднесе оставка за да може да стапи на должноста, претседател на државата.
Штом стапи на должност шеф на државата, Ердоган кој на тоа место ќе го замени партискиот сопатник Абдула Ѓул, се очекува формално да го прогласи новиот лидер на АКП за претседател на Владата.