Турција има намера во текот на 2018 година да издава обврзници во руска и кинеска валута, односно рубљи и јуани, изјави во вторникот вицепремиерот Мехмет Шимшак во интервју за весникот Habertürk.
„Сега се насочени кон нови земји со сериозни резерви од фондови. Првпат спроведовме роуд-шоу во Русија. Го проучивме пазарот на обврзниците во руби, првата реакција е позитивна, и во 2018 година ќе се обидеме да ги понудиме нашите обврзници“, истакнува турскиот вицепремиер.
Покрај тоа, според Шимшек, Турција се подготвува да „издаде облигации и во јуани“.