Турција се подготвува да премине во плаќања во националните валути со своите најголеми трговски партнери, како што се Кина, Русија, Иран и Украина, изјави во саботата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во атмосферата на кризата во турско-американските односи.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека издал указ двојно да се големат царините за увозот на алуминиум и челик од Турција, на 20 и 50 отсто, што предизвика уште еден голем пад на вредноста на турската национална валута лирата, која дојде на историски најниското ниво. Лирата чинеше на крајот од тргувањето во петокот 6,62 лири за долар, губејќи речиси 20 отсто од својата вредност за еден ден. Од почетокот на годината лирата загуби околу 40 отсто од својата вредност.
Американско-турските односи се влошени уште од јули 2016 година кога во Турција беше изведен неуспешен воен преврат, кога Анкара од Вашингтон побара да ѝ биде предаден исламистичкиот поповедник Фетула Ѓулен кој речиси две децении живее во добровелен егзил во Пенсилванија, а кого го обвинува за неуспешниот пуч. Последните месеци повторно се влошија односите меѓу двата партнера во НАТО, откако САД одбија да ѝ испорачаат на Турција борбени авиони, којашто за возврат склучи договор за набавка на напредните противракетни системи С-400 со Русија.
Летово турско-американските односи дополнително се влошија поради случајот на американскиот пастор Ендрју Брансон, кој беше уапсен уште во 2016-та под обвинение дека во Турција бил вмешан во обидот за преврат. САД побараа негово ослободување, а турскиот суд му одреди куќен притвор но му забрани да ја напушти земјата. Поради тоа американското Министерство за финансии минатата седмица воведе санкции против турските министри за правда Абдулхамид Ѓул и за внатрешни работи Сулејман Сојлу, обвинувајќи ги за „сериозни прекршувања на човековите права“.
„Оние коишто планираа да го изведат државниот удар во јули 2016-та, сга тоа сакаат да го сторат на економски пат. Оние кои не можат со нас да се носат изведоа дигитални валутни аговори кои немаат врска со стварноста во нашата земја, со нашето производство и стварната економија… Нашата земја не се урива, ниту е разорена, ниту е во стечај или криза“, рекол Ердоган во градот на Црното Море.
Турскиот претседател во говорот не споменал конкретна држава ниту специфичниот рок кој ѝ е даден на Амјата да го ослободи Брансон, но порача дека на Турција не може да ѝ се упатуваат закани.
„Тие се закануваат, велат ќе ни го испратите до 18 часот… Ова не е која било земја. Ова е Турција“, порачал Ердоган.
„Оние коишто планираа да го изведат државниот удар во јули 2016-та, сега тоа сакаат да го сторат на економски пат. Оние кои не можат со нас да се носат изведоа дигитални валутни аговори кои немаат врска со стварноста во нашата земја, со нашето производство и стварната економија… Нашата земја не се урива, ниту е разорена, ниту е во стечај или криза“, рекол Ердоган во градот на Црното Море.
Турскиот претседател во говорот не споменал конкретна држава ниту специфичниот рок кој ѝ е даден на Амјата да го ослободи Брансон, но порача дека на Турција не може да ѝ се упатуваат закани.
„Тие се закануваат, велат ќе ни го испратите до 18 часот… Ова не е која било земја. Ова е Турција“, порача Ердоган.
Ердоган во саботата го повторилсвојот повик Турците да ги продадат своите долари и евра за да спречат натамошно тонење на лирата.
„Ние се подготвуваме да се префрлиме на плаќања во националните валути со најголемите трговски партнери, како што се Кина, Русија, Иран и Украина. Доколку европските земји, исто така, сакаат да се ослободат од прангите на доларот, Анкара е подготвена да мине и со нов на слично плаќање“, изјавил Ердоган зборувајќи во градот Ризе, кого го цитира агенцијата Anadolu.
Според Ердоган, Турција не го прифаќа светскиот поредок во кој на светот му е објавена економска војна, а земјите се ставаат под притисок со закани за воведување санкции.
„Оние, коишто се обидуваат да се пресметаат со Турција и да задаваат ниски удари, треба да паметат дека во светот нема ниеден политичар и ниедна земја, којашто би имала успех следејќи ги непријателските политики кон Анкара. Секој којшто станал причина за страдањата на турскиот народ, порано или подоцна, ќе одговара за тоа“, порачал Ердоган.
Турција си зададе амбицистиозни цели и самоуверено се движи кон нивното остварување, таа е отпорна на какви и да се потреси и закани, истакнал шефот на државата.
„Ништо нема да не’ натера Турција да се откаже од своите економски цели, да се повлече од борбата со тероризмот. Отворено го изјавувам ова. Турција нема да ја промени својата политика во однос на Сирија и Ирак“, рекол Ердоган.