Турците излегоа прв викенд по попуштењето на карантинот

Турците излегоа од своите домови во саботата, во текот на првиот викенд без карантински мерки по речиси два месеца, ден откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган ненадејно ја укина уредбата за останување на населението во домовите.

Кафеаните, кафулињата, рестораните и другите масовно посетувани места повторно беа отворени од понеделникот, додека стапката на зараза забавува. Укинати се и играбичувањата за меѓуградските патувања.

Во саботата многу Турци ги преплавија плажите на бреговите кај Истанбул, а стотици чекаа во ред за влегување во парковите. Други, пак, стоеја во ред за да купат сладолет на топлото време, според новите хигиенски прописи. Во Анкара излерниците предизвикаа сообраќајни метежи.

Населението е задоволно затоа што по речиси 70 дена може да ги посети омилените места, на кои претходно се релаксира, рекреативно се занимавал со риболов и го минувале викендот со семејствата и пријателите.

Меѓутоа, претседателот Ердоган изрази загриженоста дека епидемијата може да се врати. Во петокот беа пријавени 930 нови сличаи, по намалувањето на 786 претходно во текот на седмицата, Досега во Турција со новито коронавирус беа заразенби 168.340 лица, од кои починаа 4.648 луѓе.