Одличниот играч за врска од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Јаја Туре, откри дека веднаш по ждрепката за 1/8 финалната рунда од најпресижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, телефонски разговарал со неколку фудбалери на Барселона кои му соопштиле дека не се задоволни од ждрепката.
„Веднаш по ждрепката телефонски разговарав со неколку фудбалери на Барселона, кои ми се големи пријатели. Ми кажаа дека не се задоволни, дека се разочарани. Не знаат што може да се случи за време на тие два натпревара. Да беше некое друго време, ќе беа убедени дека ќе обезбедат пласман во следната рунда. Можам да потврдам дека се плашат од Манчестер Сити. Ги плашни нашата форма, ги плаши тоа што играме фантастично на ‘Итихат’. Ги плаши тоа што постигнуваме многу погодоци. Нема да им биде лесно, ќе бидете сведоци на неизвесни 180, а можеби и повеќе минути”, изјави Туре.