Туристичките агенции се приклучуваат на протестот на угостителите закажан за понеделник и најавуваат дека ќе протестираат се додека не се прифатат и реализираат нивните барања.Тие бараат неповратна финансиска помош и продолжување на рокот на ваучерите до крајот на 2022 година.
– Бараме неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021 година, а ваучерите кои ќе се доделуваат од Владата за кампањата „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам како хотели, категоризирани објекти за престој, превозници и за истото да може како помош да биде искористено од сите учесници во секторот, од таа причина бараме задолжително да се користат преку туристичка агенција – рече на денешната прес-конференција Ана Марија Алексова.
Туристичките агенции бараат да се продолжи рокот на ваучерите кои се издадени за нереализираните патувања во 2020 година, наместо до 31.12.2021, до крајот на 2022 година, бидејќи состојбата е неизвесна и не се знае кога ќе може да се реализираат ваучерите.
– Барањата за поддршка на секторот туризам се реални и засновани на големите штети кои ги имаме, за што во овој момент ни е потребна помошта за опстанок, за да не се соочиме со колапс. Барања за помош досега неколку пати се доставувани до надлежните институции, и затоа од вторник 20 април ќе се приклучиме на протестот на угостителите и ќе останеме пред институциите, се до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени – рече Алексова.
Од Туристичко угостителската комора на сојузот на стопански комори велат дека секторот туризам е еден од најпогодените во периодот на пандемијата.Приход во изминатите 13 месеци е со паднат од 85% до 100%, а нивните трошоци дополнитлено се акумулираат.