„Туркиш ерлајнс“ ја продолжи суспензијата на летови кон Украина и Молдавија до 22 март

Националната авиокомпанија на Република Турција, „Туркиш ерлајнс“, денеска го продолжи прекинот на летовите со Украина и Молдавија поради руската војна против Украина.

„Нашите летови со Украина и Молдавија до 22 март (вклучувајќи го тој датум) се откажани“, објави компанијата на „Твитер“.

За промена на билетот или враќање на парите, патниците треба да се јават во својата туристичка агенција, да ја посетат веб-страницата на „Туркиш ерлајнс“ или да се јават во центарот за повици на компанијата.

„Туркиш ерлајнс“ ги прекина летовите од двете земји на 24 февруари кога почна руската воена операција во Украина.

„Туркиш ерлајнс“ имаше летови до шест точки во Украина, и тоа Харков, Херсон, Киев, Лавов, Одеса, Запорожје и до главниот град на Молдавија, Кишињев.