Туркменистанскиот претседател компонираше и сними божикна песна

Туркменистанскиот претседател Гурбангили Бердимухамедов, кого активистите за човекови права ги сметаат за еден од нарепресивните и најавтократски владетели на светот, компонираше и во телевизиска програма ја изведе божикната песна во кој своите сограѓани ги повикува заедно со него да ја запеат песната за љубовта.

Видеото, коешто потсетува на евровизиските клипови, ги прикажува Гурбангули Бердимихамедов пред бел клавир, а на синтисајзер го придружува неговиот четиринаесетгодишен внук. Видеото е прикажано во програмата на државната телевизија и е објавен на интернет страниците.

„Со оваа прекрасна мелодија и со нејзините искрени зборови, песната интензивно ја проникнува душата на слушателите и на нив остава силен впечаток“, коментираше во саботата директорот на телевизискиот канал Туркмен Овази.

Песната под називот „Сон“ е снимена на англиски, туркменистански и на германски јазик. Зборува за „кругот на животот“ и слушателите ги повикува да ја запеат песната на љубовта. Претседателот, облечен во темен костум, стои насмеан пред камерата, а на екранот зад него паѓаат снегулки.

Семејството на Бердимухамедов ретко се појавува на државната телевизија, и покрај тоа што неговиот син Сердар е пратеник и заменик-министер за надворешни работи. Но исклучок е неговиот најмлад внук, синот на неговата ќерка, Керимгули, кој и претходно снимаше рап спотови со дедо му, кои може да се погледнат на сервисот YouTube, а исто така учествува и на престижни коњски трки.

Бердимухамедов на чело на Туркемнистан дојде во 2006 година по смртта на неговиот ексцентричен претходник Сапармурат Нијазов, кој ги преименуваше неколку месеци во годината според членовите на семејството и си подигна себеси златна статуа. И Гурбангили Бердимухамедов разви сопствен култ на личноста, како и претходникот си подигна голема златна статуа во главниот град Ашгабат.