Турлитава наречена Македонија – Швајцарија на Балканот

Особено кога има бамји, тоа мистично ем суштествено творение кое колку повеќе го конзумираш, дотолку повеќе созерцуваш најдлабоко во себе. Како доказ, за трансцеденталноста на овој легален опијат на телото, ем духот, се суштествените издувни кемтрејлови кои излегуваат од отворот на кариерата кој сите толку добро го познаваме.

„Ќе се прави влада!!! Само вечерас у вашем граду – Циркуз Корона!“.

Нејсе, кога читнете тоа комбинаториките, има ли подобра асоцијација од турли тава? ДУИ, ДПА, ПДП ВМРО, СДСМ, Левица, Десница, Средница… Сите до еден се во игра да бидат во власта… Псе јо? Заебанцијата во целава игранка е што сите добија штури и полу-инструкции од „амбасадите“ кои покрај Корона заболеа и од акутно „куроболие 2020“, оти имаат сифилистичен егцем на север од нас кој ќе треба хируршки да се оперира наесен. Оставени полу-сами на полу-себе, нашите партии се збуентиот и ебениот, кој заборавиле кој кого треба, а и зошто. Маратонците ќе трчаат круг повеќе од форма за да на крај да заклучат, а ние со уздаси и одушевљење заклучиме дека ете, неимарите си ги искинале стидните длачици и со натчовечански напори формирале влада. Ме невероватен подвиг ќе биде тоа. Оти досега владите се правеле со список добиен од телекс, или игличаст принтер, а сега на артијата пише само Да, направите владу, јебемливамсвепосписак…!?!? Јер ако не напишеш на врањанско-јекавски и со пар пцовки, локумнава нема да има глико-хемична тежна достона за антиполитички глукофаж. Во комбинација за влада се сите, буквално! Таква е турлитавата, и ако сте мараклија на такви рабоќе, ок, … лапај бутај, шо да ви кажам. Јас сум по стек, ама друг ви спрема помија. Најжално ми е што пратиските вегани сега ќе шмукаат сланина и ќе викаат – никаТ не сме рекли дека не е убава, само не сме имале прилика да мацамо чварци. Проливот ќе им биде нусефект во кариерата во кој бргу ќе научат да пливаат.

Јавите ми преко Тасета

Се спомнуваа роитрачки, а многумина пицопевци пардон, анаЛитичари се острчаа да укажуваат дали било добро колективно раководство, реторирачки премиер и тако ближе, не дај да е даље. Поентата главна на нашите АнаЛитичари, кои од јазици знаат само српски, врањански, босански, црногоски, београдски, хрватски и сродни групи на језици со кои се изедначуваат со просечен пиљар на пазар, ја цицат мотката небаре е сезона на омлечивање, дека тоа ротирачко во екс ју било лошо на крај довело до војна и распад на рајската градина.

Абе ми иде рефлекс да им се испрдам у уста ко да сум изел 20 кила бамји! Таа ЈУ не рикна заради ротирачкото, туку банкротираше! А и ние не сме подобри у тие зафати “На Рубу Очаја”. Тепачката и вадењето очи дојде после банкротот, војната е само последица кога ќе секнат парите. Потрошив цела ролна тоалетна само за да извадам чемер од мене за делата на ретрдираните анаЛитички експертутки што можело и какви комбинаторики и што било лошо и добро … ајде де разбирам треба нешто да се пиШи, леб се вади, исто како и ја… ама да погуглавте бе пеземеци?

Југославија ретко нешто измислила, дури ни топла вода, неверовали или не, дури и химната беше позајмена од Полска, како привремена. Ротирачко колкетивно пртседателство постоело одамна пред и Тито да отегне папци. Швајцарскиот модел на владеење се покажа и тоа како успешен модел и јас ако се прашувам, би ги ставил сите партии во таков колективен карусел да ротираат на 6 месеци. Во Швајцарија ретко ќе најдете некој да знае кој е премиер во моментот или која коалиција прави власт, па ене ги. Знам, знам, нацистичките катрљарди и катрљоните на Ескобар се кај нив, но сепак, еве ни шанса, да измислиме нова топла вода и да си правиме шуруп за сите и за се’.

Никогаш, никој, кој ќе дојде на власт во оваа земја нема да има прилика да владее со програма ниту да ја спроведе истата, секогаш ќе има некои, проливладини, снегулки, енџиоа и слични кои ќе го рушат сетоа тоа. Ако Трамп има сеизмички потреси од промил шарени лудаци, заборавивте што можат кај нас пар стотици високо мотивирани колоризирани да направат со куртони?

Национално помирување уште долго нема да има, и само болни компромиси можат да не’ опстанат. Време за повеќепартиско едновластие, друго нема.

Прдите, ја и сада држим час!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес