Турската амбасада во Македонија: Ќебињата и облеката кои се донираат треба да бидат нови

Согласно најновите препораки од Амбасадата на Турција, донациите во текстил за земјотресот во Турција мора да бидат нови и со декларација.

Македонските граѓани кои донираат ќебиња и облека не треба да носат стари, односно веќе користени парчиња.

Дополнително, материјалите треба да бидат пакетирани и на нив, на турски јазик јасно да биде напишан видот на материјалната помош.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат на ваквото барање од Амбасадата бидејќи тие веќе донирале ќебиња и облека, кои сега не знаат како и дали ќе биде однесена таму каде што е потребна.