Турската провинција Мардин погодена од 130 сириски ракети

Околу 130 ракети, истрелани од Сирија  го погодиле турскиот пограничен реон Нусајбин, во југоисточната провинција Мардин, јави агенцијата Анадолија.

Ракетите паднале врз станбени реони.

Пет лица денеска биле отпуштени од болница во јигоисточна Турција откако биле лесно ранети при прекуграничните напади од страна на сириските Курди и ПКК во Сирија.

Обласната управа на Нусајбин вчера соопшти дека на два дена ги затворила училиштата во областа.

Во меѓувреме и натаму е во тек турската операција „Извор на мирот“, што почна вчера на исток од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, дополни агенцијата.

Турција соошти дека ПКК и нејзиниот сириски пандан претставуваат најголемата закана за иднината на Сирија, заканувајќи и се на територијалната целост на земјата. Анкара, исто така, подвлече дека за нив е неприфатлива поддршката на терористите под превезот дека се борат против ИД.

Турција има 911-километри долга заедничка граница со Сирија и таа одамна ја посочи заканата од терористите источно од реката Еуфрат и „терористичкиот коридор“ што таму се формира, наведува Анадолија

Турција планира да рассели два милиона Сиријци на 30-километарската безбедносна зона во Сирија, што се протега од реката Еуфрат до ирачката граница, вклучувајќи го и Манбиџ. Присуството на терористичките групи, како ПКК, меѓутоа, го доведуваат во опасност нејзиното формирање.