Турски воен брод се вкотви во Израел, сигнал за подобрување на односите

Турски воен брод доплови во Израел во првата таква посета по повеќе од деценија, додека односите меѓу клучните сојузници на САД на Блискиот исток се подобруваат по жестоките кавги и прекинот на сите билатерални врски поради инцидент со турски хуманитарци и поради палестинското прашање/

Фрегатата „Kemalreis“ пристигнала во саботата во Хаифа во рамките на маневрите на НАТО во Средоземното Море, изјавил за Reuters турски функционер. Израелски претставник рекол дека Анкара поднела прелиминарно барање екипажот да се истовари на брегот.

Претставник на пристанишните власти во Хаифа изјавил дека тоа е првата посета на турски брод по 2010 година кога билатералните врски беа нарушени поради смртоносната акција на израелските командоси врз хуманитарен конвој кој се обиде да ја пробиле поморската блокада на палестинската енклава Појасот Газа. Во тој инцидент загинаа десет Турција, повеќето американските државјани.

Меѓутоа, двете земји последните месеци започнаа со подобрувањето на своите односи, а енергетиката се јавува како клучно прашање за потенцијалната соработка, иако Турција има непречена испорака на руски гас и со руска помош ја гради својата прва нуклеарна централа. Се очекува наскоро двете земји повторно да изменуваат амбасадори.

Острата дипломатска криза меѓу двете земји настапи во мај 2010 година, кога во десант на израелските командоси на бродот „Мави Мармара“ кој пловеше во составот на меѓународната Флотила на слободата чија цел беше да се пробие изралеската поморска блокада на Појасот Газа, загинаа десет турски државјани, главно со американско државјанство.

Израел тврдеше дека имал сознанија дека на бродот се наоѓаат и вооружени активисти, но иако зад него стоеше хуманитарна организација блиска на одметнатиот проповедник Фетула Ѓулен, подоцна најголем противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Анкара остро реагираше прекинувајќи ги сите односи со Израел.

Турција беше дотогаш единствената муслиманска земја којашто воено, економски и финансиски тесно соработуваше со Државата Израел, и нивните односи беа оценувани како извонредно добри. Но по споменатиот инцидент од 31-ви мај 2010 година, дипломатските односи беа замрзнати а сите други видови заедничка соработка прекинати. Израел по процесите пред меѓународни судови и организации се согласи во 2016 година во рамки на помирување да исплати отштета на семејствата на загинатите и повредените во вкупен износ од 20 милиони долари.

Турскиот парламент во август 2016 година го ратификуваше договорот за нормализација на односите со Израел. Меѓутоа, тензиите и натаму не губат на жестината, како и ниту острата реторика меѓу израеслкиот премиер Бенјамин Нетанјаху и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, особено во врска со палестинското прашање.