Турски воен хеликоптер се сруши на улица во станбена област во Истанбул

Четири лица загинаа, а еден е повреден откако турски воен хеликоптер се сруши на улица во станбена област во предградие на Истанбул, објавија локалните медиуми. Причината за инцидентот се уште не е познат.

Според првите снимки од местото на несреќата, воениот хеликоптер се урнал меѓу две повеќекатни станбени згради, кои се чини не се многу оштетени. Од друга страна, хеликоптерот е целосно уништен.

Медиумите јавија дека се работи за хеликоптер УХ-1, хеликоптер од американско производство кој бил во служба уште од Виетнамската војна.

Наводно, хеликоптерот се враќал од рутински лет за обука и се урнал за време на слетувањето во блиската воена база.

Градоначалникот на Санкактепе изјавил дека УХ-1 го погодил покривот на зградата пред да се сруши на улица. Началникот на Генералштабот на Турција Хулуси Акар пристигна на местото на несреќата за да ја координира спасувачката акција.

https://twitter.com/taylieli/status/1066974557943328768