Турскиот инвеститор во ФК Челик тврди дека е измамен

Турските инвеститори се повлекоа од фудбалскиот клуб Челик од Зеница, еден од речиси постојаните учесници во некогашната заедничка најсилна фудбалска лига, и тврдат дека се изманени бидејќи никогаш не биле впишани како 70-отстотни сопственици на босанскохерцеговскиот прволигаш.

Претседатлот на ФК Челик и претставник на турската хрупација „Han“, Ајдин Олгун на официјалниот профил на клубот на Instagram објави видео во коешто порачува дека клучевите и печатот на клубот ги враќа на Зеница.

„Дознав дека воопшто не поседувам 70 отсто од управувачките права, како и дека сум доведе во заблуда и измамен. Поединци во клубот фалсификувале цела низа договори и ја злоупотребиле мојата доверба“, вели во обраќањето Олгун.

Појаснува дека во клубот е уништувана и криена документација за што е известена и полицијата.

„Ова го правам за да му помогнам на ФК Челик, конечно да се откријат измамите и јасно да бидат идентификувани луѓето кои го доведоа челик во ова ситуација“, вели Олгун.

На Собранието на зенички Челик на почетокот од 2018-та договорено е турските инвеститори да станат сопственици на 70 отсто од клубот, додека 20 отсто од уделот тебаше да преземат доверителите, а по 5 отсто да задржат Градот Зеница и Фудбалскиот клуб Челик. Тоа, меѓутоа, никогаш не се реализирало., како ниту ветувањата на турските вложувачи да изградат два помошни терена, да формираат фудбалска академија, и да обезбедат европска иднина за клубот.

Првенството на БиХ е прекинакот поради епидемијата од коронавирусот, а Челик по 22 кола е претпоследен 11-ти и му се заканува испаѓање на првата лига.