Турскиот Парламент денеска го ратификува Предлог-законот за усвојување на Меморандумот за разбирање за безбедносна и воена соработка со Либија, јави Анадолија.
Во ноември Анкара и Триполи потпишаа два меморандума – еден за воена соработка и друг за поморските граници на државите во Источниот Медитеран.
По Договорот за воена соработка, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара може да размисли за испраќање трупи во Либија, доколку либиската Влада со седиште во Триполи, признаена од ОН, упати такво барање до Турција.