Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе ги казни своите противници, ако го користат корупцискиот скандал, за да го доведат во криза неговото управување, јави радиото „Гласот на Америка“.
Ердоган ја осуди истрагата за корупција како работа на „темни сојузи“, ветувајќи дека ќе ги открие сите кои се вмешани во неа.
Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера илјадници демонстранти, кои протестираа против корупцијата во Истанбул, при што беа уапсени над 80 лица, вклучувајќи и синови на министри. Демонстрантите протестираа против исто урбанистичките планови на Владата за урбанизација.