Турските власти денеска наредија домашен притвор за уште четворица избрани курдски градоначалници во мнозинските курдски региони, на истокот и југоистокот од земјата, јавија американските медиуми.
Како дел од акцијата против прокурдските партии, кои Анкара ги обвинува за врски со екстремистите, уапсени се четворица градоначалници кои победија на последните локални избори како кандидати на Народната демократска партија и истите се сместени во домашен притвор и отстранети од функциите, а потоа и веднаш заменети со сигурни кандидати „според вкусот на Анкара“, јави агенцијата Анадолија.
Од последните локални избори во регионите со мнозинство Курди, властите веќе отстранија 45 градоначалници, од кои 21 се во затвор под обвинение за тероризам.