Туск по разговорот со Мицкоски: Владејачката партија да соработува со опозицијата, да се засили борбата против корупцијата и да има независни судски одлуки

EPA-EFE/JULIEN WARNAND / POOL

Претседателот на Европската народна партија (EPP), Доналд Туск во средата одржа телефонски разговор со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во телефонскиот разговор како што напиша подоцна Туск на својот фејсбук профил, било заклучено дека власта треба да соработува со опозицијата, да се засили борбата против корупцијата како и тоа дека во Македонија треба да има независни судски одлуки.