На оваа тема од пред СЈО денеска се обрати Зекир Рамчиловиќ, претставник од бошњачка заедница, кој порача, СЈО да не ја злоупотребува функцијата која што треба да ја врши и да сопре со политички мотивираниот начин на работа.
-СЈО прави класичен притисок врз слободен медиум и бошњачката заедница. Се работи за сопственик кој не само што има медиум, туку истовремено е и претседател на здружение коешто има пратеник во Собранието. СЈО е алатка во нечии раце, а тоа се гледа и на седниците, каде најбрутално беше злоупотребувана пратеничката говорница од страна на пратениците на СДСМ, каде буквално потпретседателката кажуваше дека припадник на различна заедница зел толку и толку, ставајќи се во улога на обвинител и судија, и притоа, на некој начин само ја потврдуваат врската меѓу СЈО и СДСМ, дури имаше и пратеници со маици на кои беше испечатено „СЈО“, и држеа говори кои не доликуваат, смета Рамчиловиќ.
Додаде дека се манипулира политички за да се направи притисок врз медиумот што ја пренесува вистината во јавноста.
-СЈО мора да престане да работи политички мотивирано и да остави процесот да продолжи онака како што треба и правдата да го најде своето место. Ќе бидеме тука додека е потребно да се укаже дека поддшката од сите нас е максимална, и СЈО не треба да ја злоупотребува функцијата што треба да ја има, заклучи Рамчиловиќ.