Твитер, покрај твитот од Доналд Трамп, во кој тој тврди дека е имун на коронавирусот, стави предупредување дека најавата на американскиот претседател ги крши правилата за да спречи ширењето дезинформации за ковид-19.
A total and complete sign off from White House Doctors yesterday. That means I can’t get it (immune), and can’t give it. Very nice to know!!!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 11, 2020
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сега е имун на ковид-19, еден ден откако неговиот лекар објави кратко писмо во кое се вели дека веќе не е опасен за околината и не може да го пренесе вирусот.
“Се чини дека сум имун, не знам, претпоставувам долго време, можеби за пократко време, а можеби и за цел живот. Никој не знае со сигурност, но јас сум имун”, изјави тој во телефонското интервју за Фокс њуз.
Во однос на имунитетот на ковид-19, сè уште има многу непознати: не е познато точно колку долго антителата обезбедуваат за заштита или колку долго може да трае имунитетот.