Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ соопшти дека вечерва ќе организира дочек на Новата година пред истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, како поддршка за притворените за насилствата во Собранието од 27-ми април.
„Новогодишната ноќ пред истражниот затвор ‘Шутка’ ќе биде во знак на поддршка на притворените уставобранители“, се вели во соопштеноето од здружението „Тврдокорни“.
Кривичниот суд во Скопје на 27-ми декември им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година.