Twitter го смени логото во симболот Dogecoin

Апликацијата за микроблогирање Twitter во понеделникот ја замени „сината птичка“ на логото на својата веб-страница со симбол на куче, што е симболот на криптовалувата Dogecoin, а новото лого се прикажува при прегледувањето на страниците на сајтот.

Во моментов не е познато дали оваа промена е трајна. Блогот на социјалната мрежа, страницата за поддршка на Twitter, како и страницата на сопственикот на компанија во чија сопственост е мрежата, американскиот претприемач Илон Маск, немаат коментар за промената.

Како што извести агенцијата Bloomberg, од појавувањето на промената на симболот, вредноста на Dogecoin на берзата на критповалути Binance скокнала за 30 отсто.

Маск повеќепати позитивно зборуваше за Dogecoin на својот профил на Twitter. Уште на почетокот од 2021 година вети дека ќе го „испрати Dogecoin на Месечината“, а во мај истата година додаде дека неговата компанија за комерцијални вселенски летови „SpaceX“ ќе лансира сателит на Месечината во 2022 година според договор кој е целосно исплатен во оваа криптовалута. Во јануари 2022-та втората компанија на Маск, производителот на електрични автомобили „Tesla“, објави дека го прифаќа Dogecoin како плаќање за неговите производи.