Њујорк ги враќа строгите мерки во девет квартови за да ја спречи епидемијата

Њујорк предвидува затворање на училиштата, рестораните и продавниците кои не се неопходни во девет квартови во Бруклин и Квинс каде е во голем пораст бројот на новозаразените од коронавирусот по неколку месеци многу претпазливо попуштање на рестриктивните мерки.

 

„Предлаган од 7-ми октомври да ги затвориме сите училишта и продавници кои не се неопходни во девет квартови“, изјави њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио на прес-конференција. Нагласи дека очекува согалсност од гувернерот на сојузната држава, Ендрју Куомо, како потврда на оваа одлука.

Бидејќи и двајцата се од Демократската парија, се претпоставува дека мерката ќе биде потврдена. Тоа ќе биде првпат американската метропола да мора повторно да воведува мерки за ограничувања откако беше наведувана како приомер за претпазливост и добро водење на епидемијата иако токму Њујорк со месеци беше најголемото жариште на епидемијата на коронавирусот во САД оваа пролет кога умреа 24.000 луѓе.

„Њујорчаните тешко работеа на сузбивањето на Covid-19 и овој предлог не го изнесуваме лесно. Но во градот науката ги има главниот збор при одлуките и го правиме она што ни е препорачано“, рече де Блазиот имплицитно критикувајќи ја администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп дека многу лефтерно ја сфатиле опасноста.

Од овие девет квартови, шест се во Бруклин, во областите на голема застапеноста на ортодоксната еврејска заедница, а три се во Квинс, од кои една е во близина на меѓународниот аеродорм „Џон Ф Кенеди“.

Заедничко за деветте квартови е што стапката на позитивните случаи се задржала над 3 отсто последните седум дена, и покрај бројните интервенции на здравствените служби кои го контролираат носењето заштитни маски, оддржувањето на растојанието и ги поттикнуваат жителите на тестирање.

Во шест од овие девет квартовии стапката на позитивни е над 5,6 отсто и дури достигнува 8,3 отсто во квартот Бороу Парк во Бруклин, каде што минатата седмица хебрејски активист се судри со здраватвените службеници и го критикуваше носењето маски.

Без оглед на растот на случаите на Covid-19 во делови од градот, државата Њујорк е една од само 18-те сојузни држави во САД во кои бројот на заразените значително не се зголемил последните две седмици.

Девет сојузни држави во последните седум дена известија за рекордни зголемувања на бројот на заразените, главно на Средниот запад и Западот, каде постуденото време ги натера жителите повеќе да се задржуват во затворените простори. На американскиот Среден запад овие денови највисоките дневни температури се околу 10 Целзиусови степени.

Само во саботата четири сојузни држави: Кентаки, Минесота, Монтана и Висконскин, забележаа рекордни зголемувања на коронаинфекциите, а на национално ниво регистрирани се речиси 49.000 нови случаи. Во текот на минатата седмица рекордни згоелмувања имале и државите Канзас, Небраска, Њу Хемпшир, Јужна Дакота и Вајоминг, според анализата на агенцијата Reuters, која и не е официјална.