Њујорк распоредува 750 војници на Националната гарда во метрото

Кети Хокул, гувернерката на сојузната држава Њујорк, ќе стави 750 војници на Националната гарда на располагање на полицијата во Њујорк коипто на најфреквентните станици на подземната железница ќе ги прегледуваат торбите на патниците со цел да се подобри безбедноста.

На овие 750 припадници на Националната гарда, како што додаде Хокул, ќе им се придружат и 250 припадници на полицијата на сојузната држава Њујорк и полицијата на државната Метрополитенската транспортна управа (МТА), која особено ги надгледува Железничката станица (Grand Central Terminal) и Penn Station..

Хокул ја донесе оваа одлука по неодамнешните напади врз патниците во метрото кои го привлекоа вниманието на јавноста. Иако криминалот во февруари паднал за 15 отсто во споредба со истиот месец минатата година, демократката Хокул, верува дека статистиката нема да им помогне на патниците да се чувствуваат побезбедно.

„Нема да ги натера луѓето да се чувствуваат подобро ако им кажете дека работите се подобруваат, особено кога штотуку сте слушнале дека некој бил нападнат со нож и избоден во грлото или турнат на шините. Тоа е психолошки ефект“, изјави Хокул.

Војниците на њујоршката Национална гарда, воена единица која заеднички ја контролираат федералните и државните челници, немаат овластувања за апсење во мирновременски период, но ќе им помагаат на полицајците кои ги имаат таквите овластувања.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, исто така од Демократската партија, кој некогаш патролирал во метрото како полицаец, распореди дополнителни 1.000 полицајци по растот на бројот на нападите и кражбите во јануари.

Иако истакнува дека криминалот во њујоршкото метро е редок, со околу шест деликвентни случаи дневно, главно кражби, сепак, одлучи да ги врати проверките на чантите и ранците од претпазливост.