УЈП призна дека имало поврат на ДДВ со лажни фактури, која е улогата на Лукаревска во аферата?

УЈП преку брифинзи на одредени медиуми ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постои лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата оваа афера е во надлежност на заменик претседателката на СДС и директорка на УЈП Сања Лукаревска.

Каков претседател, таков заменик претседател.

Вистинското прашање е што правела Лукаревска? Каква е нејзината врска со оваа афера? Кои се омилените фирми на власта кои влечеле милиони евра фиктивно од државниот буџет? Дали меѓу нив има фирми блиски до СДС и ДУИ?

Нема сегмент од каде оваа криминална банда не краде. Овие клептомани ќе украдат дете од мајка, а не пак да го чуваат државниот буџет. Европскиот фронт, неевропски краде. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!