УЈП: Три пати се зголеми прометот од македонски производи на првиот ден од „Викенд без ДДВ“

На првиот ден од „викендот без ДДВ“ вчера (10 октомври) прометот од македонски производи е зголемен за три пати, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП) по обработката на податоците.

„На граѓаните кои вчера ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи / услуги, како и за купена компјутерска опрема, во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на овој месец“, соопшти УЈП.

За да има целосен поврат на ДДВ за македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема, сметките треба да се скенираат во рок од три дена.

Мерката „викенд без ДДВ“ трае и денеска, а ќе продолжи и утре. Ова е една од антикризните мерки на Владата кои се дел од четвртиот пакет економски мерки.