Уапсен 21 годишник од Арачиново поради илегално поседување оружје

На 14.05.2020 по претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес на дом и други простории кај лицето Н.Б. роден 1999 во Скопје.

При претресот во домот во Арачиново е пронајдено една aвтоматска пушка со еден оквир и 29 куршуми и еден пиштол марка ГЛОГ со три оквири и 63 куршуми.

Лицето е лишено во ПС Гази Баба каде е извршен службен разговор и во координација со јавен обвинител и лицето ќе биде задржано.

Поднесена кривична пријава по итна постапка по член 396.