Уапсен „архитектот“ на нападот врз универзитетскот кампус во Кабул

Авганистанските безбедносни сили го уапсеиле организаторот на смртоносниот напад во универзитетскиот кампус во Кабул на почетокот на ноември, изјави во саботата потпретседателот Амрула Салех.

Авганистанскиот потретседател наведе дека уапсените е идендификуван како извесен Адел и дека е жител на североисточната провинција Панџшир кој го регрутирала терористичката мрежа Хакани.

Адел, како што рече Салех, завршил третата година на исламските студии пред да го провлече во своите редови споменатата мрежа. Се смета дека мрежата Хакани тесно соработува со талибаните, а безбедносните стручњаци наведуваат дека често дејствува и како воено крило на движењето.

Тројац вооружен напаѓачи на 2-ри ноември упаднаа во универзитетскиот кампус во Кабул и почнаа неселективно да пукаат врз студентите, професорите и вработените. Убија најмалку 22 лица, а ранија уште 27 други.

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја презема одговорноста за овој напад кој беше изведен кога започнале да пристигнуваат функционери на отворањето на саемот на ирански книги во кампусот. Меѓутоа, авганистанската влада го отфрли тоа тврдење и повеќепати истакна дека напаѓачите се поврзани со мрежата Хакани.