Уапсен братот на Кили, Владимир Поп Христов

Според полициски информации, Владимир Поп Христов, кој заедно со брат му, беше обвинет за нелегално одгледување и производство на марихуана, е приведен синоќа на граничниот премин „Богородица“ при обид да влезе во државата од соседна Грција.

На Владимир Поп Христов му беше одредена мерка притвор во отсуство па полицијата го предала на судската власт за да се преземат понатамошни мерки.

Во времето кога неговиот брат, популарниот актер Кили беше приведен, Владимир со сопругата беше на одмор во Грција, каде и остана се до синоќа.

Во судската постапка актеркот Кили е осуден на една година затвор, а тој се бранепе дека марихуаната ја одгледувал од медицински причини бидејќи боледувал од рак.

По апсењето на брат му, Владимир, познат како Мио на својот профил објасни дека марихуаната ја одгледувале само за медицински цели.

„Ќе ви ја кажам приказната во кратки црти бидејќи се изначитав глупости, лаги и измислици. На Кили му е дијагноситиран тумор кој по конвенционален медицински пат не би сакале да го лечиме поучени од скората смрт на нашите родители (мајка ми умре од рак пред неколку месеци благодарение на нашите доктори, а татко ми од тумор, исто така, благодарејќи им ним). Седнав и почнав да барам на интернет кои други начини и лекови постојат. По многу прочитани независни научни трудови и статии како најсилен односно единствен лек за рак моментално е токму марихуаната, но не сатива, туку индика или медицинска марихуана. Ги купивме семките и ги посадивме“, напиша популарниот пејач познат како Мио на својот Фејсбук профил.