Млад скопјанец заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, откако македонската полиција го фати со дрога.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична против 23-годишниот М.Б. откако полицијата во неговиот дом во Чаир пронашла марихуана, чинија со остатоци од бела прашкаста материја и картичка со остатоци од бела прашкаста материја.
М.Б е лишен од слобода во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.