Уапсен еден од лидерите на британските Жолти елеци

Еден од водачите на британското протесни движење Жолти елеци, кои се залагаат за што поскоро излегување од Европската унија е уапсен во саботата од страна на лондонската полиција, а според телевизијата Sky News станува збор за политичарот од крајната десница Џејмс Годард, кој бил вклучен во прогонот на британската пратеничка Ен Субри.

Како што соопштиле од Скотланд Јард, маж на возраст во 30-те години бил приведен во саботата утрото во центарот на Лондон под сомневање за нарушување на јавниот ред кое се случило на 7-ми јануари. Тогаш група демонстранти облечени во жолти елеци по примерот на француските демонстранти, ја опколиле пратеничката Ен Субри пред и во зградата на британскиот парламент, и попречувале да мине и ја навредувале. Субри е една од поактивните поддржувачи на европските интеграции и се залага за спроведување повторен референдум за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.

Инцидентот го возбуди британското јавно мнение, и предизвика жестоки дискусии за границите на легитимното право на граѓаните на мирен протест. Челниците на одделот на Скотланд Јард задолжен за осигурувањето на безбедноста на парламентот, ветија дека ќе ја испитаат ситуацијата и ќе отворат истрага по што е уапсен Годард.

Во пресрет на клучното за земјата гласање во парламентот за нацрт-договорот за условите за излезот на Велика Британија од ЕУ, групите на најголемите поддржувачи на брегзитот излегоа на улиците на Лондон и другите градови барајќи да се почитуваат резултатите од референдумот од јуни во 2016 година, оставка од премиерката Тереза Меј, незадоволни од нејзиниот договор со Брисел, и одржување предвремени парламентарни избори. Се очекува викендов бројот на учесниците на ваквите протести да достигне неколку илјади луѓе.