Извршниот директор на германскиот производител на автомобили „Audi“, Руперт Штадлер, уапсен е во понеделникот објави портпаролот на групацијата „Volkswagen“ (VW).
„Потврдуваме дека господин Штадлер утрово е уапсен. Во тек е сослушување на коешто ќе биде донесена одлука за негово евентуално задржување во притвор“, изјавил портпаролот на концернот.
Германскиот произведувач на лускузни автомобили вмешан е во скандалот со фалсификување на податоците за емисијата на штетните гасови од дизелските мотори којшто го потресе целиот концерн VW.
Во мај во „Audi“ признаа дека имале проблеми со софтверот кој ја регулира емисијата на штетните идувни гасови во дополнителни 60.000 примероци од моделите „А6“ и „А7“ со дизелски мотори. Таа бројка се надоврза 850.000 автомобили коишто компанијата во составот на VW ги повлече минатата година за потаа да се утврди дека само некои меѓу нив бараат измени.
Скандалот наречен „дизелгјет“ изби во јавноста во 2015 година. Во „Volkswagen“ признаа дека речиси 600.000 автомоили продадени во САД биле опремени со софтер кој давал лажни податоци при тестовите за емисијата на штетните гасови. Вкупно спорниот софтвер кој возможува ралични податоци и контрола на емисијата на издувните гасови при возењето односно тестирањето се вградени во 11 милиони дизелски автомобили ширум светот, додаде компанијата
Тоа значи дека автомобилите во возењето испуштале и до 40 пати повеќе штетни гасови отколку при тетирањата во лабораториски услови.
Штадлер е на чело на „Audi“ веќе 11 години. Претходно беше објавено дека обвинителството на Минхен отвори случај против него под сомневање за „измама и посредување во фалсификување“ и беше извршен претрес на неговиот дом. Челникот на „Audi“ стана највисоко рангираниот функционер на концернот коу досега е уапсен во врска со „дизелскиот скандал“.