Јужнокорејската полиција доцна синоќа го уапси капетанот на траектот, што во средата се преврти на 25 километри од југозападниот брег на Јужна Кореја, при што загинаа најмалку 29 лица, а 273 и натаму се водат како исчезнати.
Јавно обвинителство вчера побара издавање судски налог за апсење на капетанот Ли Џонг-сок и на уште двајца други членови на екипажот на траектот.
Обвинителството соопшти дека ја испитува претпоставката дека до трагедијата дошло кога траектот нагло завртел, при што бродот се навалил повеќе од дозволеното и се превртил. Покрај ова, се испитува и дали постапката за евакуација на патниците била спроведена навремено и согласно правилата, како и тврдењата на некои патници дека 69-годишниот капетан Ли меѓу првите го напуштил фериботот.
Според официјалните податоци, од траектот спасени се 174 лица.