
Во моментот на апсењето, напаѓачот не бил вооружен и не изговорил ниту еден збор.
Шерифот на округот Ајленд во американската држава Вашингтон, Мајк Холи изјави дека од патролно возило го забележал 20-годишниот Аркан Четин, за кого медиумите наведуваат дека е од турско потекло, во местото Оур Харбор и веднаш го препознал како осомничен.
Вооружен маж во петокот вечерта отвори оган во трговскиот центар „Каскејд“ во Берлингтон, при што на самото место уби четири жени и тешко повреди еден маж, кој подоцна им подлегнал на повредите. Напаѓачот потоа избегал од местото на нападот, а полицијата трагаше по него повеќе од 20 часа.
Засега не е позната причината за нападот, но според ФБИ нема индиции дека станува збор за терористички акт.