Андреу Субиес, потпретседателот на Фудбалската федерацијата на Шпанија (RFEF) одговорен за финансии, е уапсен како дел од истрагата поврзана со можна корупција во 2014 година, кога тој ја предводеше Каталонскиот фудбалски сојуз.
Шпанската цивилната гарда денеска извршила претрес на канцелариите на Сојзуот и го уапсила и бизнисменот Жозеп Контрерас, поранешен функционер во каталонскиот фудбал.
Субиес и Контрерас се осомничени дека ги „надувувале“ трошоците за преуредување на седиштето на сојузот во 2014 година. Контрерас бил сопственик на компанијата за недвижнини, „Taставинс“ која ги вршела работие и наплатила 518.702 евра од сметката на RFEF.
Во тоа време на претседател на шпанската фудбалска федерација бил Ангел Марија Вилар, кој во декември 2017 година мораше да се повлече од функцијата по обвиненијата за корупција. Тој управуваше со федерацијата 27 години и тврдеше дека е невин.
По изборите во мај, новиот претседател Луис Рубијалес го назначи Субиес за потпретседател.
RFEF во соопштението наведува дека Субиес е осомничен за настаните од времето на поранешна раководство на сојузот, како и за истрага во врска со случајот „Соул“ насочена против Вилар и дека е потребно да се земе во предвид пресумпцијата на невиност на уапсените.