Во Приштина утрово е уапсен Уке Ругова, пратеник во парламентот на Косово и син на поранешниот претседател Ибрахим Ругова.
Синот на поранешниот косовски претседател и уште седум лица се уапсени поради наводи за поврзаност со организиран криминал.
Неговиот адвокат потврдил дека е уапсен по проверка во неговиот дом во населбата Веланија во Приштина. Апсењето е по наредба на ЕУЛЕКС, поради обвиненија за организиран криминал, измама и злоупотреба на службената положба.
Извори од полицијата на Косово изјавиле дека тие немале пристап до оваа акција и дека станува збор за кривично дело купување и продажба на визи. Се тврди, исто така, дека е уапсен и еден службеник на италијанската Амбасада во Приштина.