Уапсен скопјанец кој украл паричник од гостиварец

Утрово околу 08:10 часот на автобуска станица кај Зелен пазар во Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар бил приведен Т.А. (38) од Скопје, кај кого бил пронајден украден паричник, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Паричникот бил на 49-годишно лице од село Вруток-гостиварско, којшто претходно пријавил дека на 26.07.2022 на железничката станица во Скопје му бил одземен од непознато лице. Против Т.А. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во соопштението.