Двајца полициски службеници од граничниот премин Ќафасан и заменик началникот на СВР Охрид се уапсени поради трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека трите лица се приведени, но повеќе детали се најавени за подоцна.
Според првичните информации заменик началникот и полицајците биле вклучени во овој криминал, а поврзани биле и со група од Тетово која се занимавала со криумчарење мигранти и трговија со луѓе.