МВР приведе 10 лица кои биле дел од група што криумчареле дрога во повеќе координирани акции при извршени претреси МВР заплени околу 20 килограми марихуана и други опојни дроги, седум возила и еден мотоцикл.
Приведените лица сите биле државјани на Република Северна Македонија, информираат од МВР.
Претресите се вршени на повеќе локации во неколку градови во земјава: Охрид, Струга, Битола, Тетово и други.