Италијанската полиција уапсила 11 црногорски државјани осомничени за шверц на два тона хашиш, информираше министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Криминалната група била разбиена благодарение на податоците што црногорската полиција ги разменила со колегите од Италија, во координација од страна на американската ДЕА.
Криминалната група имала намера да прошверцува големо количество на хашиш од Мароко до Либија. За таа цел осомничените се качиле на брод , кој испловил од пристаништето во Зеленика и кој пловел кон Мароко. Потоа ја наттовариле дрогата на бродот, но биле уапсени на пат кон Либија, кога бродот бил во италијанските води.