Полицијата во Танзанија упаси 38 жени пради незаконско изведување на генитална мутилација, односно обрежување на гениталиите на девојчињата, соопштија денеска официјалните лица на областа Саме во северна Танзанија.
Жените се уапсени во неделата додека го изведувале традиционалниот танц околу куќата во која полицијата пронашла 21 девојче на возраст од три до 15 годни, на кои гениталиите речиси им биле осакатени.
Гениталната мутилација се уште се изведува во некои делови на Танзанија, како и во други делови на Африка, и покрај тоа што е забранета уште во 1998 година.
Околу 15 отсто од девојчињата и жените поминуваат низ тоа страшно искуство, а во најголем дел од случаите, клиторисот се отстранува со помош на нож или жилет, без анестезија и во нестерилни услови. Поради тоа се почести се случаите дека по обрежување на гениталиите, девојчињата умираат од повреди или инфекции.
Максималната казна која со закон е воведена за генитална мутилација, е 15 години затвор. Во многу заедници во Танзанија, се верува дека жените се многу поверни на мажите, ако се обрежани.