Уапсени Албанци кои шверцувале лековити билки

Петнаесет Албанци кои се обиделе од земјата да прошверцаат 4,5 тони лековити билки се уапсени во Грција.

Уапсените признале во полиција дека билките ги набрале во јужниот дел на земјата и планирале да ги продадат во Албанија каде се подготвувале да ги пренесат на мазги преку планините во Епир.

Како резултат на преобемното берење, поради кое е загрозен еко системот, во некои делови на Грција од минатата година е забрането берење лековити билки.

Грчките власти по планинските патеки постојано пресретнуваат натоварени мазги кои се издресирани сами, без придружба на луѓе, да ја минуваат границата од двете страни.